30 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Шпанија во срцето“ в четврток во Филхармонија

„Шпанија во срцето“ в четврток во Филхармонија

Македонската филхармонија на 5 април во 20 часот пред публиката ќе го претстави концертот „Шпанија во срцето“.

Во салата ќе прозвучат атрактивните дела: Симфониска рапсодија „Шпанија“ од Е. Шабрие, Интродукција и рондо капричиозо од К. Сен-Санс, Цигански напеви оп. 20 од П. Сарасате и грандиозната Симфонија бр. 1 во Де-дур („Титан“) од Г. Малер.

На подиумот како солист ќе застане нашиот и светски виртуоз на виолината, Ѓорѓи Димчевски, кој моментно е концерт-мајстор на Националниот оркестар на Шпанија, а од 2007 година е концерт-мајстор на Оркестарот „Валенсија“, кој концертира во Палатата на уметностите на кралицата Софија предводен од славниот Лорин Мазел.

Како диригент ќе се претстави врвниот маестро Рикардо Касеро од Шпанија, кој диригира со славни оркестри и соработува со светски солистички ѕвезди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП