По апелот за помош на семејството на Марина и Јован Ристески и нивниот тригодишен син Александар, кои живеат во село Долгаец, во близина на Прилеп, Македонската опера и балет одлучи парите од продадените билети за претставата „Мадам Батерфлај“ да ги донира во хуманитарни цели.