2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПоради дефект повлечени 123.000 возила од Модел С

Поради дефект повлечени 123.000 возила од Модел С

Компанијата „Тесла“ повлекува 123.000 возила од најдобро продаваниот „модел с“ поради проблеми со управувачкиот механизам. Ваквата информација од производителот купувачите на електричните возила ја добиле по електронска пошта.

Повлекувањето на автомобилите, инаку најголемото кое досега го спровела компанијата на милијардерот Илон Маск, се однесува на луксузните „седани“ произведени пред април 2016 година.

Од „Тесла“ утврдиле дека во поладно климатско опкружување, завртките на управувачкиот механизам многу брзо кородираат, што го отежнува управувањето со возилото. Компанијата, исто така, соопшти дека ова не претставува ризик по возачите и дека тие можеат да продолжат да ги возат своите автомобили. Засега нема извештаи за несреќи или повреди поврзани со ваквата техничка грешка.

Инаку, во вторникот акциите на „Тесла“ забележаа пад откако американската влада објави дека испитува фатална несреќа во која учествувал нивниот модел X SUV. Информацијата за повлекувањето на 123.000 возила е само уште една во низата лоши вести за Илон Маск. Сè повеќе и повеќе луѓе мислат дека „Тесла Моторс“ нема да го дочека крајот на годината.

Така, повеќе светски медиуми во последните неколку дена ги пренесоа лошите прогнози на познат инвестициски фонд кој тврди дека „Тесла“ ќе банкротира во рок од неколку месеци, а единствениот спас е во прилив на свеж капитал или, како што вели директорот на фондот, Џон Томпсон, „зајак од шапката на Илон Маск“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП