28 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМакедонската филхармонија по две децении ќе добие ново концертно пијано

Македонската филхармонија по две децении ќе добие ново концертно пијано

Македонската филхармонија ќе добие ново концертно пијано од престижната марка „Стенвеј“, како донација од компанијата за градежништво „Штрабак“.

Од оваа културна институција наведуваат дека донацијата претставува историски чин затоа што досега поседувала само едно пијано од 1992 година кое било донација од тогашното ПТТ Македонија.

„Донацијата на концертното пијано претставува историски чин не само за Македонската филхармонија, туку воопшто за музичката култура во нашата земја. Немерлив е квалитетот на овој инструмент со другите, немерлива е разликата во однос на изведбата, особено кога станува збор за изведба на солист со симфониски оркестар. Токму затоа, мошне значаен чекор е што Македонската филхармонија во својот дом ќе поседува инструмент со врвен звук, на кој ќе можат да музицираат светските и македонските пијанистички ѕвезди“, велат од Македонската филхармонија.

По повод новото концертно пијано, в понеделник прес-конференција ќе одржат министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, директорот на Македонска филхармонија, Виктор Илиески, и Горан Аговски, претставник од „Штрабак“. По пресот ќе биде презентирано концертното пијано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП