20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн го отпушти Ѓорѓевиќ

Баерн го отпушти Ѓорѓевиќ

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Александар Ѓорѓевиќ, повеќе не е тренер на минхенски Баерн. Раководството на Баварците, соопшти дека во четвртокот, отказ добил комплетниот стручен штаб.

Баерн бележи одлични резултати оваа сезона, лидер е во Бундеслигата со 23 победи и само два порази, но елиминацијата од Дарушафака во полу-финалето, во Еврокупот, била пресудна Ѓорѓевиќ да добие отказ.

Клубот од Минхен преку Еврокупот сакаше да обезбеди настап во Евролигата, иако таа цел ќе може да ја оствари и преку домашниот шампионат, доколку ја освои титулата.

Ѓорѓевиќ, во август 2016 година стана тренер на Баерн, претходно работел во Олимпија Милано, Бенетон и Панатинаикос. Од 2013 година легендата на српската кошарка е тренер на националниот тим на оваа земја.

Како селектор освои сребрени медали на Олимписките игри во Рио, Светското првенство во Шпанија и Европското првенство во Турција.

Германските медиуми како најзериозни кандидати за тренер на Баерн лицитираат со имињата на Матео Боничоли и Дејан Радоњиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП