28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на кинигата „Чекор по жица“ на Вања Изова Велева

Промоција на кинигата „Чекор по жица“ на Вања Изова Велева

Издавачката куќа „Паблишер“ најавува промоција на книгата „Чекор по жица“ од поетесата Вања Изова Велева, која ќе се одржи во понеделник, на 2 април, во Салон 19, 19, со почеток во 19,19 часот.

Промоцијата е конципирана како поетски перформанс, спој од музика, уметнички слики и поезија. Промотори на книгата ќе бидат Виолета Танчева-Златева и Мишел Павловски.

Збогатена со сликите на современите ликовни уметници Митко Тошев и Љупка Галазка-Василев, оваа книга е и редок обид да се претстави една иста мисла преку две лица на уметноста, поезијата и сликарството.

„Чекор по жица“ е деветта стихозбирка на современата македонска поетеса Вања Изова Велева, која со секоја нова книга нè потсетува на подзаборавените вистини, на изгубената човечност, на нашата отуѓеност и немањето време за другиот. Кај неа не нè освојуваат само необичните наслови, неочекуваните пресврти и поетски слики. Кај неа плени самиот јазик, кој без излишни метафори искрено зборува за болките што сите нè морат, за радостите што сите ги посакуваме, а сè почесто ни бегаат…, се вели во соопштението на издавачката куќа „Паблишер“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП