19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСветска премиера: Пристигна новиот Toyota RAV4 (фото+видео)

Светска премиера: Пристигна новиот Toyota RAV4 (фото+видео)

„Toyota“ ја претстави новата генерација на еден од најуспешните модели – „RAV4“. Кросоверот ќе дебитира за време на саемот во Њујорк, а неговите главни конкуренти се „Ford Kuga“ и „Nissan Qashqai“.

Новата генерација на „RAV4“ е изградена на платформата „Toyota TGNA“ која Јапонците ја користеа за моделите „Camry“, „C-HR“ и „Prius“. Компанијата вели дека шасијата е 57% поцврста од претходната генерација на кросоверот. Во исто време ова е првиот модел на брендот кој ја користи комбинација на „TGNA“ и погонот на четири тркала.

Самиот „AWD“ систем е опремен со функција за распределба на вртежниот момент помеѓу двете тркала на задната оска. Хибридната верзија на кросоверот разви свој сопствен погон на четири тркала „AWD-i“ со електронска контрола.

Користењето на новата платформа доведе до промени во мерките на моделот. Неговите димензии се должина од 4.572 мм (4.605 мм кај претходната верзија), ширина од 1.854 (1.845 досега) и висина од 1.699 мм (1.684 мм досега). Растојанието помеѓу двете оски е зголемено од 2.660 до 2.690 мм.

Кросоверот добил 2,5-литарски бензински мотор, чија моќност засега не се соопштува, но според неофицијални податоци таа е околу 150 КС. Моторот работи во комбинација со 8-брзински автоматски менувач и „AWD“ систем каде што задната оска е заклучена за да заштеди гориво.

Новиот „RAV4“, исто така, нуди хибридна единица, која вклучува 2.5-литарски бензински мотор и електричен мотор. Моќта тука не е соопштена, но се очекува да биде во рамките на 195-200 КС. Ќе има уште една хибридна модификација која ќе излезе во 2019-та или 2020-та година и ќе се потпре на различна енергетска единица.

Во кабината на автомобилот е поставен 7-инчен екран на допир, обновен мултимедијален систем, аудио „Toyota Entune 3.0“ и неколку „USB“-портата. Возачот има систем за итно стопирање со препознавање на пешаци, круз-контрола и следење на лента на движење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП