4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАТеатарската претстава „Синиот портокал“ гостува во Софија

Театарската претстава „Синиот портокал“ гостува во Софија

По повод Меѓународниот ден на театарот во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија на 29 март (четврток) од 18.30 часот гостува Велешки театар „Јордан Х. К. Џинот“ со театарската претстава „Синиот портокал“ од Џо Пенхол.

Режисер на претставата е Александар Ивановски, драматург – Kатерина Момева, сценографија – Филип Коруновски, автор на музика – Сашко Костов, со учество на Самоил Стојановски,Фаик Мефаилоски и Жарко Спасовски.

Во време на глобализација кога сакаме да ги надминеме табуата за разликата во бојата на кожата, националност и културните наследства кои ги носиме во себе, оваа драма топло ја брани неправдата која ја нанесуваме некогаш преку негативна, а некогаш преку позитивна дискриминација. Во оригиналната драма централен лик е афроамериканец, кој доаѓа од црнечкото гето и е болен од шизофренија.

Оваа драма е уште и за современата психијатрија, со застарени методи на лекување и беспомошноста на докторите да ги лекуваат своите пациенти без седативи. Ликови се Брус, Кристофер и Роберт. Брус е психијатар со помало искуство од Роберт, но многу е приврзан за својот пациент. Иако на двата еминентни психијатри би требало да им биде поважен животот на пациентот, бирократските правила, колегијалните местенки и ривалството во еден момент стануваат поважни од се.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП