29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Џезмен“ продолжува да се снима во Македонија, Србија и Бугарија

„Џезмен“ продолжува да се снима во Македонија, Србија и Бугарија

Долгометражниот документарен филм „Џезмен“ во продукција на „Зојдер“, сценарио и режија на Алјоша Симјановски, деновиве продолжува да се снима во Скопје, во Белград и во Благоевград. Свој придонес на темата за уметноста на џезот дадоа Душан Којиќ – Која, Влатко Стефановски и бугарскиот пијанист Милчо Левиев…

„…Целиот процес на џезот е почнат случајно, со неочекувано спојување на неколку порано неврзани социјални моменти. Анти-идеалистичката филозофија на уметничкото движење на т.н. изгубена генерација пред и по Првата светска војна. Млади луѓе го креваат гласот против сѐ што мириса на хипокризија на постарата генерација. Во секојдневниот живот тоа значи дека човекот е слободен да се забавува и вообичаено се сведувало на секс и пиење. Во уметноста тоа се отелотворува како експеримент и испревртување на старите форми наопаку, наглава, како што тоа Џојс го прави со романот, О’Нил со театарот, Пикасо со сликарството. Џезот идеално се вклопува на сите нивоа, секоја изведба претставува нова музичка форма…“, ова ссе некои од темите и аспектите што ги обработува филмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП