13 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо Скопје доаѓаат „Ту челос“!

Во Скопје доаѓаат „Ту челос“!

Во рамки на последната светска турнеја, насловена како и нивниот последен албум „Скор”, популарното дуо „Ту челос“ ќе настапи во Скопје на 6 октомври годинава, во ВИП Арена.

„Ту челос“ за првпат доаѓа во Македонија со големо продукциско арена-шоу, какво што во изминативе неколку години го има во сите големи арени низ целиот свет.

Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер во изминативе неколку години со својата брилијантна работа успеаја нешто што е навистина реткост во музичкиот бизнис – да се успешни и нивните концерти да се распродадени на сите континенти, и тоа во сите големи светски сали, што до нивното појавување беше незамисливо за една кросовер музичка атракција.

Сите детали околу билетите за овој музички настан, кој би требало да ја одбележи оваа есен во Македонија, ќе бидат познати в среда во 19 часот, соопштија од „Аволон“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП