5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИ Twitter исто така забрани реклами на криптовалути

И Twitter исто така забрани реклами на криптовалути

Mикроблог платформата за испраќање на кратки пораки „Twitter“ ќе го забрани рекламирањето на дигиталните валути, приклучувајќи се на „Facebook“ и „Google“ во акцијата против овој сектор, со цел да спречат евентуални измами и големи загуби на инвеститорите, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на „Ројтерс“.

Забраната ќе го покрива рекламирањето на примарните предлози на дигитална валута, како и продажба на дигитални токени и услугите по портфолија со криптовалута, посочи за „Ројтерс“ компанијата од Сан Франциско.

Мерката, која се уште не е прецизирана од кога ќе се примени, ќе забрани и реклама на берзи за криптовалути со мали исклучоци.

„Twitter“ објави овој месец дека зема мерки за спречување на користењето на профили поврзани со криптовалути и се обидуваат да комуницираат со другите „на лажен начин“. Но, компанијата беше повикана на поконкретни чекори, откако „Facebook“ и „Google“ презедоа акција во оваа насока.

„Facebook“ ги ограничи своите реклами поврзани со криптовалутите во февруари, а „Google“ претходно овој месец објави забрана која влегува во сила во јуни.

Пред неколку дена извршниот директор на „Twitter“ и „Square“, Џек Дорси го истакна своето мислење дека биткоинот ќе стане единствената глобална валута во рамките на следната деценија. Дорси, кој е и инвеститор во најпопуларната криптовалута, очекува биткоинот да биде искористен за купување на сосема обични работи, како кафе и објасни дека според него ќе бидеме сведоци на подемот во рамките на следните 10 години, но тоа може да се случи и побрзо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП