3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАГостување во Софија на велешкиот театар со „Синиот портокал“

Гостување во Софија на велешкиот театар со „Синиот портокал“

Во четврток, на 29 март, со претставата „Синиот портокал“ од Џо Пенхол во режија на Александар Ивановски, театарот „Јордан Х.К-Џинот“ Велес ќе гостува во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија.

„Синиот портокал“ е драма за современата психијатрија, за застарените методи на лекување и беспомошноста на докторите да ги лекуваат своите пациенти без седативи.

„Во време на глобализација кога сакаме да ги надминеме табуата за разликата во бојата на кожата, националноста и културните наследства кои ги носиме во себе, оваа претставата топло ја брани неправдата која ја нанесуваме некогаш преку негативна, а некогаш преку позитивна дискриминација“, велат од велешкиот театар.

Драматург на претставата е Катерина Момева, сценографијата е на Филип Коруновски, а автор на музиката е Сашко Костов. Во претставата настапуваат актерите Фаик Мефаилоски, Самоил Стојановски и Жарко Спасовски.

„Синиот портокал“ е трета продукција од Програмата на Велешкиот театар за 2017 година и е една од најизведуваните претстави со над 30 изведби на репертоарот на театарот. Претставата досега беше изведена и во Центарот за култура во Радовиш, фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, „Скопско лето“, Македонското културно лето во Албанија, фестивалот „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, како и на фестивалот „Ин Виница веритас“ во Виница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП