25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАГрад Скопје објавува отворен повик за уметнички престој во Скопје

Град Скопје објавува отворен повик за уметнички престој во Скопје

Во рамки на активностите на проектот „Креарт“ – Мрежа на градови за уметничко творештво (CreArt – Network of Cities for Artistic Creation), Градот Скопје објавува отворен повик за уметнички престој во Скопје, што ќе се одржи од 20 мај до 20 јуни 2018 година.

Повикот се однесува за уметнички престој и работа во Скопје за двајца уметници, еден уметник кој живее и работи во Скопје и еден уметник кој доаѓа од 11-те градови учесници во проектот (Ливерпул, Ваљадолид, Џенова, Лече, Клермон-Феран, Руен, Загреб, Каунас, Лублин, Катовице и Авеиро).

Уметниците треба да работат во просториите на ЈУ „Културно информативен центар“, а на крајот од престојот ќе се организира изложба со новосоздадените дела.

Организаторот (ЈУ „Културно информативен центар“) ќе ги покрие патните трошоци и сместувањето за уметникот кој доаѓа од мрежата на градови „Креарт“, трошоци за престој до 400 евра, а ќе бидат обезбедени материјали за работа во износ не поголем од 500 евра;

За уметникот кој доаѓа од Скопје организаторот (ЈУ „Културно информативен центар“) ќе ги покрие локалните патни трошоци, дневни трошоците до 100 евра и ќе бидат обезбедени материјали за работа во износ не поголем од 500 евра;

Секој уметник ќе добие 250 евра како авторски надомест за изложбата;

-Избраните уметници ќе ги користат просторните и техничките капацитети на ЈУ „Културно информативен центар“;

На крајот на престојот ќе се организира изложба на двајца уметници со уметнички дела направени за време на престојот во ЈУ „Културно информативен центар“.

Пријавувањето за учество од заинтересираните уметници е директно преку веб-сајтот на проектот. Рокот за пријавување е до 20 април 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП