25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТрансакциите ширум светот поминаа 1.000 милијарди долари за рекордно краток рок

Трансакциите ширум светот поминаа 1.000 милијарди долари за рекордно краток рок

Вкупниот износ на корпоративни зделки низ светот помина над 1.000 милијарди долари за рекордно краток период.

Основна причина за тоа се процесите на консолидација, забележани во САД, Велика Британија, Германија и Јапонија, пренесува „Financial Times“.

Забрзаниот економски раст и силната бизнис доверба во светот исто така придонесуваат за големиот број спојувања и превземања од почетокот на 2018-та година.

Намалените даночни стапки во САД, пак, даваат поле на дејствување на локалните компании да ги вложат заштедените средства од даноци во консолидирање на својот бизнис.

Меѓу големите трансакции оваа година е купувањето нa американската компанија за фармацевтски менаџмент „Express Scripts“ од осигурителната компанија „Cigna“ за 67 милијарди долари, стекнувањето на компанијата за обновлива енергија „Innogy“ од германскиот гигант „Eon“ за 43 милијарди евра и договорот за медиумската група „Sky“, за кој „Comcast“ понудил 22,1 милијарди фунти.

„Средината останува идеална за спојувања и превземања на пазарите низ светот“, вели Блер Ефрон, коосновач на „Centerview Partners“. „Растот во светот е силен, бизнис лидерите остануваат оптимисти, финансиските пазари одговораат“, додава тој.

Трансакциите во светот се зголемуваат за 50% во однос на претходната година и со 12% во однос на истиот период од 2007-ма година, па се смета за најсилна година по вкупна вредност на спојувања и превземања, кои тогаш ја достигнаа сумата од 4.6 илјади милијарди долари, покажуваат податоците на „Dealogic“.

Активноста во Јапонија и Велика Британија отскокнува двојно во споредба со минатата година, а обемот на спојувања и превземања во Германија отскокнуваат за четири пати на годишна основа, покажуваат податоците.

Иако инвеститорите се прашуваат колку ќе се покаже издржлив актуелниот бизнис циклус, спојувањата и превземањата се движат со темпо, повисоко од времињата пред финансиската криза, и слично на оној забележан кај „дот-ком меурот“.

Економијата на САД известува за раст, иако побавно, од нивото пред кризата.

Се наоѓаме во уникатен момент, каде секоја економија во светот предвиде раст, но без да има економија која забележува импресивни покачувања, станува јасно од зборовите на Ану Ајенгар, шеф за спојувања и превземања во Северна Америка во „JPMorgan“.

„Можноста да се прават спојувања и превземања во името на растот е неверојатна и пазарите изгледа го разбираат тоа“, додава тој.

Според зборовите на Леон Калвариа, претседател на „Citigroup“ за институционалните клиенти, компаниите се наоѓаат на патот на раст според продажбата и намалување на трошоците – два главни приоритети кои го провоцираат големиот број трансакции во оваа година.

Намалувањето на корпоративниот данок во САД до 21% и промените кои им овозможуваат на компаниите да превалутират парите во кеш од странски пазари, исто го провоцираат набљудуваното забрзување, додава Калвариа.

Се чини дека компаниите во моментов размислуваат. Просечната трансакција од почетокот на годината достигна рекордни 131 милиони солари, што се одразува на потезите во насока трансформација на бизнис во светот, смета Антон Сахазизјан, шеф за спојувања и превземања за САД од „Moelis & Company“.

Сето ова се случува и покрај неколкуте големи зделки во САД, кои беа блокирани од претседателот Доналд Трамп, како понудата на „Broadcom“ за купување на „Qualcomm“ во вредност од 142 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП