19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСо изложбата „Портали“ во Скопје одбележан Европскиот ден на уметничка креативност

Со изложбата „Портали“ во Скопје одбележан Европскиот ден на уметничка креативност

Во Музејот на град Скопје вчера се отвори изложбата на дела од 9 млади уметници, насловена „Портали“.

Изложбата е организирана во рамки на проектот „Креарт“ – Мрежа на градови за уметничко творештво (CreArt – Network of Cities for Artistic Creation), а истата е дел од активностите за одбележување на 21 Март – Европскиот ден на уметничка креативност.

Изложбата „Портали“ ја отвори претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

Таа истакна дека осознавањето на новите културни вредности и императиви, како и нивната реализација е стимулирана преку воспоствувањето нови меѓународни партнерства и размени и учество на уметниците и кураторите од градот Скопје во програмските активности, што се оддржуваат во градовите партнери во проектот.

„Задоволство ми е што Град Скопје е партнер во проектот, а уште поголемо е задоволството што овој и ваков проект ќе поттикне на понатамошно восприемање на уметноста како олицетворение на духовната и креативната убавина на авторите на уметничките дела“, резимираше Јанчева.

Во проектот „Креарт“ (CreArt) учествуваат 12 градови од 9 земји, и во него освен Скопје се вклучени и Ваљадолид од Шпанија, Џенова од Италија, Ливерпул од Велика Британија, Клермон-Феран и Руан од Франција, Загреб од Хрватска, Каунасод Литванија, Лублин и Катовице од Полска и Авеиро од Португалија.

Инаку, град Скопје од 2017 година е партнер во „Креарт“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП