26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВиталиа се продава во луксузните супермаркети во Дубаи

Виталиа се продава во луксузните супермаркети во Дубаи

Дубаи или „престолнината на луксузот“, како што популарно го нарекуваат овој град на Истокот, е симболот на успешните бизниси, туристичките прошетки и луксузните шопинг искуства.

Во Дубаи доминира сјајот, чистотата и гламурот, а жителите и посетителите за себе го сакаат само  најдоброто. Градот е преплавен со шопинг центри, кој се вивнуваат кон небото на неколку спрата и чиј излози го продаваат само избраниот луксуз за префинетиот вкус на посетителите.

Во Дубаи, најпрестижното туристичко место на светот и најпосакуваниот град за живеење на Истокот, се продаваат производите на Виталиа. На полиците на луксузните супермаркети, каде завршуваат само внимателно селектирани прозиводи што се одликуваат со здрави состјки и квалитет, може да се најдат и неколку производи од широкото портфолио на македонската Виталиа.

Дубаи е изграден среде пустина, но плени со зелени површини и водоскоци на секој чекор. А со препознатливата, централно поставена кула – Бурџ Халифа е порака од источниот свет за успешните приказни од овие краишта.

Овој космполитски град со одмерено либерален дух за источните земји, пружа можности за амбициозните претприемачи и мудрите бизнисмени да ги пласираат своите производи што го дополнуваат животниот стил на жителите и посетителите на Дубаи.

Почнувајќи  од автомобилите до храната што се служи во рестораните и се пазари во супермаркетите, се одава длабока почит кон хедонизмот и раскошната страна на животот.

Дубаи е една од главните туристички атракции во Емиратите, а во 2017 година имал рекорден број од 15.8 милиони туристи, што е за 6.2 отсто повеќе во однос на 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП