24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle купи зграда обележје на Њујорк за 2,4 милијарди долари

Google купи зграда обележје на Њујорк за 2,4 милијарди долари

Компанијата мајка на „Google,“ „Alphabet“ ја купи познатата зграда „Chelsea Market“ во Њујорк за 2,4 милијарди долари. Договорот ќе и овозможи на компанијата да го прошири своето присуство во технолошкиот реон на градот, кој се наоѓа на брегот на реката Хадсон, соопштува „Ројтерс“.

Продажбата на комплексот, сместен на 110.000 квадратни метри и вклучува трговски центар на приземје и простор со луксузни ресторани, е голем удар за компанијата за управување со средства „Jamestown“. Таа стекна удел од 75% во поранешната фабрика „Nabisco“, која подоцна се претвори во „Chelsea Market“, во 2003-та година за 280 милиони долари.

Во 2011-та година „Jamestown“ откупи акциите на партнерите во трансакција што ја оцени зградата на 795 милиони долари според извештаите на медиумите.

„Chelsea Market“ се наоѓа во соседството со седиштето на „Google“ во Њујорк на „осмата авенија“, една од најголемите згради во градот, која компанијата ја купи во 2010-та година за 1,77 милијарди долари. Зградата исто така беше изградена од „Jamestown“ во партнерство со „Taconic Partners“.

Зделката ги зацврсти позициите на Њујорк како центар на иновации и инкубатор за млади технолошки компании, рече Мајкл Филипс, претседател на „Jamestown“. Продажбата беше објавена за прв пат во почетокот на февруари.

Таа исто така покажува дека пазарот на недвижности во Менхетен се уште не ја изгубил силата, вели Даг Хармон, брокер во консултантската компанија „Cushman & Wakefield“, кој ја претставувал „Jamestown“ во трансакцијата.

„Луѓето велеа дека пазарот е навлезен во циклус на стареење“, додава Хармон, кој бил посредник и кај договорот со „Google“ во 2010-та година. Продажбата во вторникот стана една од најскапите имотни трансакции со единечна зграда во историјата на Њујорк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП