18 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФилмот „Ослободување на Скопје“ продаден во Кина

Филмот „Ослободување на Скопје“ продаден во Кина

Филмот „Ослободување на Скопје“, снимен во македонско-хрватско-финско-британска копродукција, а во режија на Раде и Данило Шербеџија, е откупен и ќе биде прикажуван во Кина.

Претставниците на италијанскиот агент за продажба „Самерси интернешнл“ изјавил дека за филмот има интерес и во повеќе јужноазиски територии, вклучувајќи ги Тајван, Сингапур и Малезија.

„Ослободување на Скопје“ е прв режисерски филмски проект на Раде Шербеџија, што го направи заедно со синот Данило. Филмот е базиран на познатиот драмски текст на Душан Јовановиќ.

Филмот од македонска страна беше реализиран од продукциите „Кино око“ и „Партисанс“, односно Роберт Насков, Горјан Тозија, Владимир Анастасов, а автор на музиката е Влатко Стефановски.

Во главните улоги играат Давид Тодосовски, Силвија Стојановска, Раде Шербеџија, Луција Шербеџија, Небојша Глоговац, Мико Ноусаинен, Петар Мирчевски, Јани Вирман, Денис Абдула, Аксел Мехмед, Дејан Лилиќ и други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП