Американскиот гигант во областа на електронската трговија „Amazon“ во вторникот ја надмина компанијата мајка на „Google“, „Alphabet“ според пазарната капитализација, претворајќи се во втората компанија по големина на пазарната оценка во земјата, базирана на цената на акциите. Сепак, интернет-трговецот сè уште има долг пат пред да го достигне „Apple“, известува „CNN Money“.
Пазарната капитализација на „Amazon“ достигна 768 милијарди долари во вторникот, надминувајќи ја таа на „Alphabet“ која изнесува 762 милијарди долари, покажуваат податоците на „S & P Global Market Intelligence“. Сепак, рејтингот на „Apple“, сепак, останува многу поголем – 889 милијарди долари. Во вторникот, „Amazon“ ја заврши сесијата со цена од 1.586,51 американски долари, што е зголемување за 2,69 отсто.
Акциите на „Amazon“ во последниве неколку недели се бележат значителен раст. Компанијата го помина „Microsoft“ од третото место според пазарната капитализација на 14-ти февруари.
Порастот на цената на акциите на „Amazon“ доведе до зголемување на личното богатство на главниот извршен директор Џеф Безос, кој во моментов е најбогат човек во светот.
Тој стана првиот американски милијардер, кој ја надмина границата од 100 милијарди долари на лично богатство во овој месец благодарение на својот 16-процентен удел во „Amazon“, компанија која ја основаше во гаража во Сиетл во 1994-та година. Според листата на светските милијардери на „Forbes“, неговото богатство се проценува на 131,1 милијарди долари.