19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајскапите автомобили на саемот во Женева (фото)

Најскапите автомобили на саемот во Женева (фото)

Неодамнешниот саем за автомобили во Женева заврши. Имаше чудни прототипови, сериски автомобили и некои прилично скапи модели кои ќе бидат произведени во ограничено издание.

Европската публика на пример, го виде „Hennessey Venom F5“, кој ќе биде пуштен во 24 примероци, а секој од нив е по цена од 1.600.000 долари. Под хаубата на атомобилот се крие мотор со 1.622 „коња“ кој од место до 300 км/ч забрзува за за 10 секунди и развива максимална брзина од 484 км/ч.

На петтото место меѓу најскапите автомобили во Женева го зазема данскиот „Zenvo TSR-S“, адаптиран да се движи по патиштата. Кој сака да го има, ќе мора да плати 1.800.000 долари. Моторот е 5.8-литарски мотор со моќност од 1.193 КС. Овој автомобил забрзува од 0 до 100 км/ч за 2,8 секунди.

Пред него е рангиран шведскиот „ѕвер“ – „Koenigsegg Reegera“, чија вредност е 2.000.000 долари. Тој е опремен со мотор од 1.500 КС и е прогласен како најбрз супер автомобил во светот.

Меѓу најскапите автомобили на саемот беа и „Italdesign Zerouno Duerta“ (2.300.000 долари), „Bugatti Chiron Sport“, кој се нуди за 3.300.000 долари, и моделот од Дубаи – „Fenyr Supersport“ со каросерија од карбон, чија цена е 3.400.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП