27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНеврохирургот Шиф: Квалитетот на животот на Шумахер нема да се подобри

Неврохирургот Шиф: Квалитетот на животот на Шумахер нема да се подобри

По нешто повеќе од четири години од падот на скијање и повредата на мозокот, има премалку информации за вистинската состојба на Михаел Шумахер бидејќи неговото семејство реши да ја држи јавноста на дистанца.

Тој замина од клиниката во Гренобл во септември 2014 за да биде преместен во својот дом во Швајцарија и оттогаш нема никакви детали. Познатиот британски неврохирург Колин Шиф, кој никогаш не го третирал Шумахер, вели дека долгорочната прогноза не носи ништо добро за него.

„Според податоците што се достапни, јасно е дека тој доби постојано и големо оштетување на мозокот. Поради тоа, мозокот не функционира нормално, а како што поминува времето, толку се помали шансите за некакво подобрување. Речиси сигурно е дека нема да се смени ситуацијата. Сигурен сум дека има доволна нега и добра околина за закрепнување, но сметајте дека тој треба да биде хранет преку туби, да биде поставуван во седечка позиција и да се движи да не дојде до атрофија на мускулите“, вели Шиф.

Тој вели дека не е реално да се очекува целосно закрепнување.

„Тој е долго време во ваква состојба, сигурно има загубено голем дел од мускулната маса, а дури и да ги отворил очите и да почнал да зборува, сигурно има влијание на меморијата, на однесувањето, на когнитивните функции. Тоа не би била истата личност. Делумно закрепнување е можно, но тоа не значи дека тој ќе почне да функционира како нормална личност. Семејството Шумахер има финансиски средства да му ги даде сите потребни работи за закрепнување, но подолгиот живот не значи и квалитативна промена“, додава Шиф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП