19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЕдна од подобрите функции на новиот „Андроид“ нема да работи на сите...

Една од подобрите функции на новиот „Андроид“ нема да работи на сите телефони

Добрата вест во врска со новата верзија на оперативниот систем „Андроид“ е дека ќе има можност двојно да ја намали „тежината“ на фотографиите во споредба со обичниот JPEG формат.

Сепак, лошата вест е дека веквата опција нема да може да ја користи секој телефон со оперативниот систем на „Гугл“. Причината за ова лежи во хардверските и патентните ограничувања.

Новиот формат се вика High Efficiency Image Format (HEIF), а со цел да може да го користат, производителите на мобилни уреди треба да платат за врвен софтвер и лиценци – што не секогаш е случај.

Доколку сето ова ви звучи познато, тоа е затоа што минатата година „Епл“ презентираше слична технологија за својот iOS оперативен систем, а сега „Гугл“ одлучи да го стори истото. Преполовувањето на просторот што го заземаат фотографиите, а со тоа и бројот на мегабајти што се троши за нивно споделување, е голема предност за секој корисник, но очигледно кога се телефоните со „Андроид“ во прашање, луѓето ќе треба да бидат трпеливи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП