27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle, FB, Airbnb, Amazon... да се подготват за ЕУ данок

Google, FB, Airbnb, Amazon… да се подготват за ЕУ данок

Гигантите кои во ЕУ остваруваат значителни приходи од дигиталното работење, како Google и Facebook, би можеле во иднина да плаќаат три проценти данок на промет.

Ројтерс го доби на увид предлогот на Европската комисија за воведување на данок на промет за големите компании чии годишни глобални приходи надминуваат 750 милиони евра, а годишни оданочени приходи во ЕУ 50 милиони евра.

Границата за приходите остварени во ЕУ е зголемена од почетно предвидените 10 милиони евра за да се исклучат малите и иновативни компании.

Данокот би се наплатувал на услугите за дигитално огласување, со што ќе се зафатат компаниите кои на клиентите им доставуваат податоци од корисниците, како Google, и оние кои на својата интернет страница нудат простор за огласување, како социјалните мрежи, значи Facebook.

Ќе плаќаат и интернет платформите кои нудат „услуги за посредување“, како Airbnb и Uber, како и платформите за дигитална продажба, како Amazon.

Додека претходната верзија на документот во кој Ројтерс имаше увид содржеше имиња на неколку компании, во новата верзија имињата се исклучени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП