22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИСедми квартал по ред Adobe ги надмина очекувањата на аналитичарите

Седми квартал по ред Adobe ги надмина очекувањата на аналитичарите

„Adobe Systems“ ги надмина очекувањата на аналитичарите за нејзините профит и приходи за седми по ред квартал благодарение на големиот број претплати за нејзиниот софтверски пакет „Creative Cloud“, како и на зголемените средни приходи на корисник, пренесува „Ројтерс“.

Акциите на компанијата позната по својот софтвер за обработка на слики „Photoshop“, ја зголемија својата вредност со 3,5% до 226,5 долари за време на берзанската трговија во четвртокот.

„Adobe“ е поддржан од насоченоста кон веб-базирани постпејд услуги во својот „Creative Cloud“ кој го пушти на пазарот во вториот квартал на 2012-та година.

Според зборовите на главниот извршен директор Шантану Нараиен компанијата успеала да ги охрабри корисниците да го користат целиот пакет на услуги. Ова помогна да се зголемат приходите за потрошувачите, рече тој.

Приходите од дигиталната медиумска единица која го вклучува „Creative Cloud“, скокнаа за 28% до 1,46 милијарди долари, надминувајќи ги прогнозите за 1,43 милијарди дoлaри според „Thomson Reurers I/B/E/S“.

„Силниот квартал на „Adobe“ го зајакнува нашето верување дека двата бизнис може да генерираат стабилен двоцифрен раст на приходите, со уште побрз раст на профитот“, коментира Кристофер Росбах, главен инвестициски директор во „J Stern“, која поседува акции од „Adobe“.

Нето добивката на „Adobe“ се зголемила до 583,1 милиони долари, или 1,17 долари по акција во првиот квартал, кој заврши на 2-ри март, од 398,5 милиони долари, или 80 центи по акција, една година порано. Ако се исклучат еднократните ефекти „Adobe“ заработила 1,55 долари по акција, надминувајќи ја прогнозата на аналитичарите за 1,44 долари.

Приходите се зголемија за речиси 24 отсто до 2,08 милијарди долари, повторно над прогнозата за 2,05 милијарди долари.

„Adobe“ објави дека очекува приспособен профит од 1.53 долари по акција при 2,15 милијарди долари приходи за второто фискално тримесечје.

Аналитичарите предвидуваат дека профитот ќе е 1,51 долари по акција, а приходите – 2,14 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП