3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал ги продава правата на името на стадионот

Реал ги продава правата на името на стадионот

acb_estadios_estadio_santiago_bernabeu_2

Реал Мадрид размислува за продажба на правата на името на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ се со цел да остварат дополнителни приходи.

Клубот во четврокот соопшти дека од наредната сезона „Emirati“ ќе го превземе местото на компанијата „Bwin“ на предната страна на дресоците на Реал Мадрид.

Спонзорството е вредно 125 милиони евра и ќе трае во следните пет години, а претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез беше задоволен од оваа соработка.

„Сакаме силен Реал Мадрид, а тоа да го оствариме мораме да имаме соработка со големи компании. Постигнавме договор со најголемиот авиопревозник во светот и таа соработка претставува наша сегашност и наша иднина“, изјави Перез.

„„Емирати“ сега се нов главен спонзор на Реал. Ова е една од најважните одлуки на клубот. Тие се совршен партнер и затоа ни е чест што соработуваме со нив“, додаде тој.

Во клубот несакаат да застанат со маркетиншките активности, па затоа сериозно размислуваат и за продажба на правата на името на стадионот, следејќи ги примерите на неколку клубови ширум Европа.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП