28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПетте желби на Пелегрини

Петте желби на Пелегрини

pelegrinii

Четири играчи од Примера се на списокот за засилувања на идниот менаџер на Манчестер Сити, Мануел Плегрини.

Чилеанецот кој скоро една деценија помина на Пиринејскиот полуостров планира да започне нова ера на „Етихад“, а за таа цел направил список на играчи кои би сакал да ги доведе во летниот преоден рок.

Пелегрини побарал од првите луѓе на Сити на прво да му го донесат Иско од Малга, па потоа Навас од Севилја, Пепе од Реал Мадрид и „детето“ на Барселона, Алкантара.

Покрај нив искусниот стратег во дресот на „граѓаните“ би сакал да го види и играчот од средниот ред на Шахтјор, Фернандињо кој исто така беше „мета“ на сега веќе поранешниот тренер на „сините“ од Манчестер, Роберто Манчини.

Интересно е што на списокот нема ниту еден вистински напаѓач, а токму поради лошата реализација Манчестер Сити не успеа да ја одбрани титулта освоена минатата година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП