28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРезервите на ФИФА пораснаа на 1.4 милијарди долари

Резервите на ФИФА пораснаа на 1.4 милијарди долари

fifa1

Финансиските резерви на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) достигна рекордни 1.4 милијарди долари. За време на конгресот во Маурициус беше објавен финансискиот извештај за 2012-та година, според кој организацијата повторно излезе со профит.

Според финансискиот директор Маркус Катнер ФИФА имала годишен приход од 1.166 милијарди долари. Трошоците за овој период  изнесувале 1.077 милијарди со што тие оствариле добивка од 89 милиони долари.

Податоците покажуваат дека резервите на раководниот фудбалски орган достигнаа рекордни 1.378 милијарди долари. Во 2012-та година најважниот економски фактор повторно беше претстојното светско првенство во Бразил.

Цели 81 проценти од годишните приходи на ФИФА се благодарение на трговските активности поврзани со шампионатот во Јужна Америка. Светската федерација очекува приходите од светското првенство да достигнат 1.08 милијарди долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП