10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTurkish Airlines очекува 60 авиони од Airbus и Boeing

Turkish Airlines очекува 60 авиони од Airbus и Boeing

Во наредните 6 години од двата воздухопловни гиганти „Airbus“ и „Boeing“, авиопревозникот „Turkish Airlines“ ќе добие 60 авиони.

Авиокомпанијата објави дека одлучила да нарача 60 авиони со широк лет. Се очекува 6 од нив да пристигнат во 2019-та година, 14 во 2020-та година, 10 во 2021-ва година, 12 во 2022-ра година, 11 во 2023-та година, и 7 во 2024-та година. Вкупно 30 летала од моделот „B787-9“ биле нарачани од „Boeing“, како и 30 авиони „Airbus А350-900“.

Меморандум за договоро со „Airbus“ беше потпишан уште во јануари 2018-та година во Елисејската палата во Париз за време на официјалната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон.

Минатиот септември Ердоган го посети и Њујорк, за да се приклучи на Генералното собрание на ОН, а тогаш „Turkish Airlines“ и „Boeing“ ги објавија заедничките намери за нарачка на „787-9 Dreamliners“.

Основана во 1933-та година со флота од пет авиони, денес „Turkish Airlines“ поседува 329 патнички и товарни авиони и остварува летови до 301 дестинации низ целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП