28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на фотографии „Во кожата, длабоко: +60“ во Музејот на Град Скопје

Изложба на фотографии „Во кожата, длабоко: +60“ во Музејот на Град Скопје

ЛГБТИ Центарот за поддршка организира изложба на фотографии „Во кожата, длабоко: +60“ што ќе се одржи вечерва со почеток од 20 часот во Отворено графичко студио – Музеј на Град Скопје.

Проектот „Во кожата, длабоко: +60“ беше започнат за време на програмата за уметнички престој Инстинкт.Берлин. Фотографот Рафаел Медина портретира девет голи геј мажи. Сите од нив на возраст над 60 години кои живеат во Берлин. Серијата од 35мм црно-бели фотографии и кратот документарец претставуваат визуелно истражување на нивната сексуалност и нивниот однос кон нивните тела.

„Во портретирањето на старите геј мажи, фотографот го отвара прашањето за стареењето во геј заедницата; заедница каде што стандардите за убавина и младоста се дури и повисоки отколку оние во мејнстрим заедницата. Овие мажи ја издржаа распространета хомофобија во времето додека растеа и беа сведоци за тоа како нивните заедници се опустошени од ХИВ / СИДА. Тие со децении се бореа за видливост и инклузија. Тие беа клучни за денешното прифаќање на квир луѓето. Сега, на зрела возраст, тие повторно треба да направат парадоксално искуство: тие, кои се бореа за видливост, повторно се третирани како невидливи, но овојпат од нивната заедница“, велат организаторите.

Рафаел Медина е бразилски фотограф кој живее и работи во Берлин. Неговата работа се фокусира на портретирање на квир сцената и ги обработува сексуалноста, родовите улоги и прашањето за прифаќањето на телото, акцентирајќи ја различноста на телата.
Рафаел исто така е основач и креативен директор на FLSH Mag, колектив кој ги адресира прашањата за телото и сексот фокусирајќи се на плуралноста на машката голотија, видливоста на десисентните тела и (де)морализацијата на сексот преку статии, фото едиторијали и забави, покрај останатите активности.

Инстинкт.Берлин е експериментален уметнички проект кој спојува мрежа на уметници кои ги доведуваат во прашање машкоста, родовите улоги и општествените очекувања преку естетско експериментирање, дијалог и создавање на заедница.

Изложбата ќе биде отворена до 18 март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП