3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Гласот на децата” - подарок од Сара Мејс за роденденот на Поточиња(видео)

„Гласот на децата” – подарок од Сара Мејс за роденденот на Поточиња(видео)

Сара Мејс заедно со хорот на детскиот фестивал Поточиња во пресрет на јубилејното 15. издание „Поточиња 2018” на публиката и подаруваат нова песна и видео спот. „Гласот на децата” e темата која Сара Мејс и Поточиња ја обработуваат и им порачуваат на возрасните дека чиста планета нам ни треба најмногу.

Позади музиката и аранжманот се потпишува реномираниот композитор Мирослав Пап, а стиховите се дело на Светлана Пецакова.

Видео спотот за нумерата го изработи 3D Project Studio.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП