
Поп-легендата Брајан Фери на 9 септември доаѓа во Скопје. Како што најавија од „Авалон продукција“, тој доаѓа во Скопје да испорача уште една незаборавна вечер со својот харизматично шармантен настап, исполнет со сите негови хитови и хитовите на „Рокси мјузик“ (Avalon, Slave To Love, Don’t Stop The Dance, Jealous guy…), како и песните од последниот негов албум Avonmore, придружуван од 12 неверојатни музичари на сцена.

