Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Пармаковска, Прља и Станојоски во финале за „Роман на годината“ за 2017

Време: 15:18

Датум: март 8, 2018

Категорија: КУЛТУРА

Романите „Одбројување“ на писателката Фросина Пармаковска во издание на „Или – или“, „Апокалипса.мк“ на писателот Бранко Прља, чиј издавач е „Готен“ и „Диссомнии“ на писателот Игор Станојоски во издание на издавачката куќа „Антолог“ се финалистите за престижната награда „Роман на годината“ за 2017 година која ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“.

„Одбројување“ е трет роман на Фросина Пармаковска која дипломирала на Филолошкиот факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност, а магистрирала на Културолошките студии при Институт за македонска литература. Таа е авторка и на романите „Пишувајќи ги изгубените топки“ и „Вишнова хроника“.„Апокалипса.мк“ е последниот роман на Бранко Прља, кој претходно под псевдонимот Берт Стајн ги објави романите:„3 минути и 53 секунди“ и „1 час и 30 минути“. Прља е автор на повеќе збирки раскази, а познат е и по својата работа како графички дизајнер и копирајтер.„Диссомнии“ е третиот роман на лингвистот и писател Игор Станојоски. Станојоски дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во групата Македонски јазик со општа и компаративна книжевност. Докторирал на Институтот за словенска филологија Сосновјец во Полска. Автор е на повеќе книги од областа на лингвистиката како и на романите „Гаргара“ и „Првиот универзитетски ден на мојата ќерка“.

Добитникот на наградата „Роман на годината“ за која во официјална конкуренција беа 27 романи ќе биде соопштен на 15 март, а по пат на тајно гласање за него годинава одлучува жири комисијата составена од претседателот Давор Стојановски – писател и минатогодишен лауреат и членовите: Ристо Лазаров, писател, Иван Додовски, писател и професор на Универзитетот Американ колеџ од Скопје, Анета Дучевска, професор и декан на Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“ и Катерина Богоева, новинар и член на Фондацијата „Славко Јаневски“.

„Роман на годината“ 18 години претходно ја доделуваше лани згаснатиот „Утрински весник“.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Единаесетти пат, од 24 до 26 август, ќе се одржи манифестацијата Карпошово лето

    Единаесетти пат, од 24 до 26 август, ќе се одржи манифестацијата Карпошово лето

    Од 24 до 26 август оваа година Општина Карпош, единаесетти пат, ќе ја организира традиционалната културна манифестација Карпошово лето 2018, соопштуваат од Општината. На платото…

  • Концертот на „2 челос“ презакажан за 19 октомври

    Концертот на „2 челос“ презакажан за 19 октомври

    Концертот на „2 челос“ во Скопје, наместо на првичниот закажан датум 6 октомври, ќе се одржи на 19 октомври на истата локација – „ВИП-арената“. Од…

  • Четкар ќе го одржи традиционалниот концерт ‘Вино и џез’ во Охрид

    Четкар ќе го одржи традиционалниот концерт ‘Вино и џез’ во Охрид

    Оваа сабота, 18 август, Владимир Четкар ќе го одржи традиционалниот концерт ‘Вино и џез’ во Охрид во Хотел Филип. Ова е четврта година по ред…

  • Акорди од гитарата на Чочај ќе одекнуваат во „Света Софија“

    Акорди од гитарата на Чочај ќе одекнуваат во „Света Софија“

    Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт на косовскиот гитарист Дрилон Чочај што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток…

  • Претфестивалски „Полски пикник“ во Музејот на современата уметност во Скопје

    Претфестивалски „Полски пикник“ во Музејот на современата уметност во Скопје

    На деветтото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ програмата „Земја во фокус“ ќе биде посветена на полската документаристика. Токму затоа, заедно со Филмската…

  • Познатиот пијанист Роберт Биша вечерва ќе музицира на „Охридско лето“

    Познатиот пијанист Роберт Биша вечерва ќе музицира на „Охридско лето“

    Љубителите на добрата музика вечерва во рамки на фестивалот „Охридско лето“ ќе може да уживаат во концертот на познатиот пијанист Роберт Биша од Албанија. Баша…

  • Фестивал на староградска музика и вино во Старата битолска чаршија

    Фестивал на староградска музика и вино во Старата битолска чаршија

    Многу игра, песна и забава го разиграа плоштадот Магнолија во рамките на вчерашниот настап на Фолклорната група „Селенце“ и Народниот оркестар „Фокош“ од Војводина. Фолклорната…

  • „Радомировиот псалтир“ вечерва во предворјето на „Света Софија“

    „Радомировиот псалтир“ вечерва во предворјето на „Света Софија“

    Ораториумот „Радомировиот псалтир“ op. 47 од Димитрије Бужаровски вечерва ќе биде изведен во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“. Ќе настапат сопранистките Весна…

  • Камерниот оркестар „Академија на солисти“ вечерва на „Охридско лето“

    Камерниот оркестар „Академија на солисти“ вечерва на „Охридско лето“

    Камерниот оркестар „Академија на солисти“ од Казахстан е вечерашната музичката понуда на фестивалот „Охридско лето“. Во рамките на концертот што ќе се одржи во црквата…

  • „Охридско лето“ вечерва во знакот на фламенго-танцот

    „Охридско лето“ вечерва во знакот на фламенго-танцот

    Кубанската група ЕКОС вчерва во рамките на фестивалот „Охридско лето“ ќе приреди незаборавна вечер со фламенго-танц. Концертот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор…