30 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЖената во Македонија низ времето, прва вонмузејска поставка

Жената во Македонија низ времето, прва вонмузејска поставка

По повод Денот на жената, 8 Март, „Скопје Сити мол“, во соработка со Археолошкиот музеј на Македонија, Музеј на македонската борба и „Ансамбл Македонија“, ја организираат првата вонмузејска поставка на артефакти, носии и инсталации за жената во Македонија. Ова експо за првпат на едно место со голема синергија ќе ја прикаже жената во Македонија во вид на патување низ времето.

Македонската жена е претставена преку 8 археолошки експонати насловени како „Праисториските дами од Македонија” кои датираат од 6. милениум п.н.е. (среден неолит), па сè до средината на 4. милениум п.н.е. (крајот на енеолитот); 6 историски инфо табли каде што е претставена „Жената борец за државност и самостојност”, жена која била бунтовник, револуционер и пред сè борец; како и 5 експонати кои ја отсликуваат македонската жена низ фолклорот, преку артефакти што го достигнале врвот на својата убавина, грациозност и доминантност во 20 век, а се вбројувани во носии од највисок ранг во светски размери. Во рамките на отворањето, со цел доближување на жената низ етнолошка призма поблиску до скопската публика, „Ансамблот Македонија“ изведе музички перформанс.

Несомнено е дека изложбата е успешна бидејќи е организирана во најфреквентното место во градот каде што илјадници луѓе поминуваат на неделно ниво. Посетителите кои ќе ја посетат и видат изложбата ќе бидат поттикнати да ги посетуваат музеите почесто.

„Скопје Сити мол“ како главен двигател на модерните случувања во градот уште еднаш ја покажа својата оргиналност и општествена одговорност чествувајќи го 8 Март – Меѓународниот ден на жената, на еден уникатен начин, валоризирајќи ги историјата, културата и уметноста на жената од Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП