23 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНајдобрите филмови од Оскарите и македонскиот „Копање“ на репертоарот на Синеплекс

Најдобрите филмови од Оскарите и македонскиот „Копање“ на репертоарот на Синеплекс

Новата кино седмица во Синеплекс ќе започне со најдобрите филмови кои годинава се закитија со наградата Оскар. „Обликот на водата“ и „Викај ме со твоето име“ ќе се најдат на редовниот репертоар. Покрај нив публиката ќе може да го погледне и „Три билборди пред Ебинг, Мисури“, добитник на Оскар во категоријата Најдобра женска улога и Споредна машка улога.

„Обликот на водата“ е спиритуална бајка, сместена во Америка, во времето на Студената војна, некаде околу 1962 гoдина. Во тајната владина лабораторија, со безбедност од највисок степен, каде што работи, осамената Елиса е заробена во живот во изолација. Животот на Елиса засекогаш се менува кога таа и нејзината колешка Зелда ќе откријат таен класифициран експеримент. Филмот е добитник на четири Оскари за категориите Најдобар филм, Режија, Оригинална Музика и Дизајн на продукција.

„Викај ме со твоето име“, новиот филм на Лука Гвадањино, претставува сензуална и трансцедентна приказна за првата љубов, базиран на прочуениот роман на Андре Акиман. Седумнаесетгодишниот Елио (Тимоти Шаламе) го поминува летото доста опуштено со своите родители во едно италијанско село. Возбудата доаѓа во облик на висок, згоден американски помошник, истражувачот Оливер, (Арми Хамер) кој доаѓа во земјата за да работи со професорот кој е татко на Елио. Во почетокот, Елио внимателно му посакува добредојде. Иако смислува повеќе причини како би поминувал повеќе време со Оливер, Елио го исмејува како е дете на образовани академици, но и за неговиот американски нагласок. Нивните вербални конфликти почнуваат да добиваат еротска нота, за потоа конечно да прераснат во флерт – првиот бакнеж кој е истовремено е разигран и секси – и е невозможно да се оделат. Иако крајот на престојот на Оливер во Италија ќе го наруши нивниот однос, ова е за Елио прва љубов и иако нивната афера е многу кратка, она што остана во срцето и мислите на Елио, ќе остане таму засекогаш. Филмот годинава доби Оскар во категоријата за Најдобро адаптирано сценарио.

На кино репертоарот ќе се најде и македонскиот филм „Копање“, на режисерите Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов. Гораст и Ивица се другари од детство кои 16 години не комуницираат. Секој има своја причина зошто не комуницирал толку години, но никогаш не ја споделиле меѓу себе. Некаде во селска средина живее Гораст. После години поминати во градот, Ивица конечно се враќа кај својот стар другар. Ивица, за секој случај со себе го води младиот Алек. Додека евоцираат спомени од детството, Гораст му соопштува на Ивица дека го повикал за да копаат дупка во дворот на куќата. Копајќи се открива причината зошто двајцата биле разделени 16 години и какви последици има нивното некогашно пријателство. „Копање“ е филм за минатото и сегашноста, за пријателството и универзалното правило на едно другарство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП