29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на продажбата на Lego коцките после 13 години

Пад на продажбата на Lego коцките после 13 години

Данскиот производител на играчки „Lego“ соопшти денес дека забележал пад на продажбата на годишно ниво за прв пат во последните 13 години.

Компанијата е соочена со проблеми во малопродажните ланци на пазарите во Северна Америка и Европа, пренесува АП.

„Lego“ соопшти дека продажбата минатата година е намалена за осум проценти, на вредност од 35 милијарди дански круни (4,7 милијарди евра), додека профитот пред плаќањето на даноци опаднал за 18 проценти, на 10,2 милијарди круни (1,37 милијарди евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП