18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСлавица Гаџова-Свидерска и Михајло Свидерски ќе настапат на „Сараевска зима“

Славица Гаџова-Свидерска и Михајло Свидерски ќе настапат на „Сараевска зима“

Поетите Славица Гаџова-Свидерска и Михајло Свидерски со своја поетска вечер ќе настапат во рамките на меѓународниот Фестивал „Сараевска зима“, кој традоционално се одржува во Сараево 34. пат.

Организаторите на настанот по повод нивното читање организираат поетска вечер во историскиот Музеј на БиХ за што беа подготвени и џебни изданија со нивната поезија наменети за публиката.

Славица Гаџова-Свидерска е авторка на 4 поетски книги, 2 научни студии и една книга од областа на есеистиката. Добитничка е на наградите „Енхалон“ и „Караманов“. Главен уредник на издавачката куќа „Восток“. Михајло Свидерски е автор на 3 збирки поезија и на романот „Бело и црвено“ за што ја добива наградата „Новите“ во 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП