18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрафик на денот: Онлајн гиганти, или кој на кого му е сопственик...

График на денот: Онлајн гиганти, или кој на кого му е сопственик на Интернет

Во светот на традиционалната трговија по децении на консолидација одредени конгломерати добија огромна контрола над банкарството, потрошувачките стоки, алкохолниот и автомобилскиот сектор, коментира „VisualCapitalist“.

Иако интернетот е неверојатно широк во обем, и е многу понов, тој исто така цели кон слични трендови.

Како резултат на тоа не е невообичаено дека такви гиганти како „Facebook“, „Alphabet“ и „Amazon“ ги користат од големината, мрежите и водечките пазарни позиции, за да ги купат своите конкуренти, додека во исто време прават и други стратешки превземања. Оваа континуирана консолидација создаде огромна мрежа на подружници, обезбедувајќи и на секоја „мајка“ компанија дополнително осигурување за да ја задржи својата позиција на врвот на дигиталниот синџир на храна.

Денешниот график е дело на „16Best“ и најдобро ги покажува компаниите или веб-сајтовите кои се во сопственост на поголеми „риби“.

Тие обично спаѓаат во две категории.

1. Вклучување на конкуренцијата

Дали постои подобар начин да си гарантира господство, отколку да ги „јаде“ помалите играчи кои го прават истото како вас?

За пример можеме да ја земеме „Expedia“, која ги поседува конкурентските туристички сајтови „Travelocity“, „Hotels.com“, „Trivago“, „Orbitz“, „Hotwire“ и „CarRentals.com“. Друг пример е „Groupon“, компанија која ги купила конкурентите „LivingSocial“, како и „Crazeal“.

2. Стратегија и тактика

Без разлика дали станува збор за идно уверување, видливите синергии или надминувања на некои слабости, повеќето од аквизициите се должат на оваа широка категорија. Овде гледаме како интернет гигантите прават стратешки аквизиции за да обезбедат иден успех.

Добар пример за тоа е купувањето на „Oculus“ од „Facebook“, која му овозможува на гигантот на социјалните мрежи да влезе во бизнисот со виртуелната реалност – токму овој вид нов потфат, што би бил речиси невозможно за него без помош и експертиза е во сложената технолошка област.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП