Не само „Apple“ го чувствува ефектот од слабата продажба на „iPhone X“. „Samsung“ се бори со истиот проблем, пишува „Mashable“.
„Apple“ се потпира на јужнокорејскиот технолошки гигант за скапите дисплеи на предводникот, но сега „Samsung“ бара нов купувач за нив, пишува јапонскиот весник „Nikkei“.
Вестите следат по претходните гласини дека „Apple“ го намалува производството на „iPhone X“ поради послабата продажба.
Проблемот за „Samsung“ е дека се покажа доста потешко од очекуваното да најде кој ќе ги земе останатите „OLED“ панели, кои беа планирани првично за „iPhone X“.
„Nikkei“ пишува дека „Samsung“ ќе се потпре на другите производители на паметни телефони кои ќе го следат текот на „Apple“ и ќе почнат да користат повеќе „OLED“ екрани. Но, работите не се одвиваат според нивните прогнози.
Другите технолошки компании се уште не се подготвени за овој потег, бидејќи новите екрани се значително поскапи од „LCD“ дисплеите кои ги гледаме во повеќето смартфони. Одлуката на „Apple“ да се насочи кон „OLED“ екраните делумно е причината „iPhone X“ да чини многу повеќе во однос на претходните уреди на компанијата.