8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНенадејно во сон почина капитенот на Фиорентина

Ненадејно во сон почина капитенот на Фиорентина

Капитенот на Фиорентина и италијански репрезентативец, Давиде Астори, почина на 31-годишна возраст во сон во хотелот во кој престојуваше пред вчерашниот дуел со Удинезе, коj воедно беше откажан.

„Нашиот капитен подлегна на ненадејна болест и почина. Во оваа страшна и деликатна ситуација и во знак на почит кон неговото семејство, бараме сите да бидат внимателни и трпеливи“, се вели во известувањето од Виола.

Астори својата кариера ја почна во Милан, но не играше во Серија А за „росонерите“, пред да се пресели во тимот на Каљари. На Сардинија остана шест години и дебитираше за репрезентацијата, пред во 2014 година да биде пратен како позајмен играч во Рома. Во 2015 година тој повторно беше позајмен, овојпат на Фиорентина, кои решија да го купат, и дефанзивецот оваа сезона стана капитен на тимот, играјќи во 25 натпревари.

Поради трагедијата, во серија А беа откажани сите мечеви од 27. коло, вклучувајќи го големото дерби меѓу Милан и Интер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП