8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗScania го лансираше првиот електричен автобус

Scania го лансираше првиот електричен автобус

Шведската компанија за камиони и автобуси „Scania“ објави дека го пушта во употреба својот прв електричен автобус – „Citywide Low Floor“. Точно така, експлоатација, а не тестови и испитувања.

Електричниот автобус вози на една линија во шведскиот град Остерленд во средината на овој месец. Првично „Scania“ ќе обезбеди три автобуси, кои ќе ја покриваат рутата со должина малку над 15 километри на која има 40 постојки, а плановите се секој електробус да прави по 100 релации во текот на ден.

За автобусите се обезбедени моќни станици за полнење кои го намалуваат времето за полнење на батериите до 10 минути, што беше едно од барањата на локалната компанија за градски транспорт.

Според многу аналитичари, електричните автобуси ќе бидат следниот голем хит во јавниот транспорт низ целиот свет. Најмногу бидејќи тие се поевтини за експлоатација – полнењето им е поевтино од дизелот или бензинот, имаат подолга километражата меѓу сервисирањето и се потивки, што е важно за урбаната средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП