10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКултурно-туристички проект со активно учество на граѓани

Културно-туристички проект со активно учество на граѓани

„Раскажи ја својата приказна“, проект за унапредување на локалните политики за културен  туризам и поттикнување на индивидуалното претприемаштво преку туристичка валоризација на приватни објекти и семејни атрактивности со културно-историско значење, ги повикува граѓаните на Битола да земат учество во проектот.

Организаторот ги повикува сите битолчани што поседуваат приватни објекти, предмети, приватни семејни колекции на фотографии, мебел, облека, како и инструменти, алати, интересна лична и семејна историја и друга соопственост со културно-историско значење да се пријават за учество со крајна цел туристичка валоризација на нивната соопственост и ставање во функција на локалната туристичка понуда.

Селектираните апликанти ќе имаат можност да поминат низ атрактивни обуки од областа на туристичкото претприемаштво, а нивните атрактивности ќе бидат подигнати на ниво на туристички производ/услуга.

Центарот за културна деконтаминација Битола е корисник, односн имплементатор на проектот „Раскажи ја својата приказна“. Тој е регрантиран  како потпроект на проектот „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување одлуки преку зајакнување новоосновани граѓански организации.

„Раскажи ја својата приказна“ се фокусира на сегментот на иновативни економски активности во делот на микротуризмот во Битола. Активностите ќе траат осум месеци, заклучно со септември и ќе бидат фокусирани кон збогатување на локалната туристичка понуда преку туристичка валоризација на културно-историското наследство во приватна или семејна  соопственост. Проект-коодинатор е Тодор Иванов, а повикот е отворен до 21 март.

Проектот е поддржан од Општина Битола преку одделението за локален економски развој – ЛЕР, а вкупниот буџет за имплементација изнесува 246.000.00 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП