2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Женски приказни“ во Филхармонија за 8 Март

„Женски приказни“ во Филхармонија за 8 Март

„Женски приказни“ е насловот на концертот на Македонската филхармонија, што в четврток во 20 часот ќе се оддржи по повод празникот на жената 8 Март.

„На подиумот ќе застанат две млади, но искусни и мошне талентирани уметнички – нашата диригентка Елена Митревска, која своето образование го стекна во Виена, како и руско/германската пијанистка Олга Шепс.
Она што Шепс го прави не е фино или слатко, тоа што таа го прави го одзема здивот – гласи една од критиките за наградуваната пијанистка, која пред македонската публика ќе го изведе фантастичниот Концерт за пијано и оркестар бр. 3 од Лудвиг ван Бетовен. Оваа вечер ќе биде збогатена со уште две експресивни дела – увертирата „Леонора“, повторно од музичкиот гигант Бетовен, како и избор од двете свити „Арлезијанка“ од Жорж Бизе“, соопшти Македонската филхармонија.

Билетите се веќе достапни и може да се набават на билетарницата во Македонската филхармонија, да се резервираат на тел.: 02/3238 182 или да се купат преку веб-страниците www.mktickets.mk и http://www.karti.com.mk.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП