4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПет романи во третиот круг за „Роман на годината“

Пет романи во третиот круг за „Роман на годината“

Романи од различни жанрови, пет на број, се селектирани во третиот круг за наградата „Роман на годината“ за 2017 година која ја доделува новоформираната Фондација за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“.

Станува збор за романи од автори од различни генерации и тоа: „Одбројување“ – Фросина Пармаковска, „Или – или“; „Земјотрес 05:17“ – Владимир Плавевски, „Македоника литера“; „Апокалипса.мк“ –Бранко Прља, „Готен“; „Диссомнии“- Игор Станојоски, „Антолог“ и „Годините кога научив да летам“, Евгениј Хоуп, „Матица македонска“.

Селекцијата ја врши жири комисијата со која претседава Давор Стојановски, писател и минатогодишен лауреат, а членови се Ристо Лазаров, писател, Иван Додовски, писател и професор на Универзитетот Американ колеџ од Скопје, Анета Дучевска, професор и декан на Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“ и Катерина Богоева, новинар и член на Фондацијата „Славко Јаневски“.

За наградата „Роман на годината“ за 2017 година во официјална конкуренција беа 27 дела, од кои во вториот круг влегоа 11 романи. Најдобриот роман ќе биде избран и јавно соопштен на 15 март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП