25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПознати се 7-те финалисти за „Автомобил на годината 2018-та“

Познати се 7-те финалисти за „Автомобил на годината 2018-та“

Меѓународното жири од водечките автомобилски новинари ги објави 7-те модели кои ќе се борат за титулата „Автомобил за 2018-та година“. Победникот ќе биде објавен во текот на автосаемот во Женева на почетокот на следната недела.

Првично за првото место се бореа 36 модели, но на крајот жирито, кое се состои од 60 новинари од 23 земји, се задржа на 7 финалисти. Тоа се „Alfa Romeo Stelvio“, „Audi A8“, „BMW 5-Series“, „Citroën C3 Aircross“, „KIA Stinger“, „Seat Ibiza“ и „Volvo XC40“.

Во финалето гласање, секој член на жирито ќе треба да распредели 25 поени меѓу 5 од 7-те финалисти. Победникот во престижната конкуренција ќе биде моделот кој ќе собере најмногу поени.

Во 2017-та година „Автомобил на годината“ стана „Peugeot 3008“. Претходна година тоа беше „Opel Astra“, а во 2015-та – „Volkswagen Passat“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП