11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAlpina го „набилда“ X3 со 388 KS (фото+видео)

Alpina го „набилда“ X3 со 388 KS (фото+видео)

Германската компанија „Alpina“ која ги подобрува перформансите на „BMW“ автомобилите, подготви за саемот во Женева помоќна верзија на моделот „X3“.

„Alpina XD3“ претставува еден вид замена за „X3 M“ кој баварскиот производител не го планираше, а под хаубата има 3.0-литарски „QUAD-turbo“ дизел со 388 KS.

Баварскиот „SUV“ ја доби типичната „шминка“ на „Alpina“ со подлабок преден браник, заден со четири издуви и 22-инчни бандажи.

Промените во внатрешноста не се значителни, но најзабележителен е воланот на „Aplinа“ кој го замени стандардниот на „BMW“.

„Alpina“ се концентрираше на погонската единица, која поседува 770 Nm вртежен момент при 4.000-5.000 вртежи.

„XD3“ има забрзување од 0 до 100 km/h зa 4,9 секунди, што е за 1,4 секунди побрзо од „Porsche Macan Diesel S“, и максимална брзина од 266 km/h.

И покрај „набилданите“ перформанси „XD3“ би требало да биде повеќе од економичен за својата моќ со потрошувачка од околу 9 литри на 100km и „CO2“ емисија од 238 g/km.

„Alpina XD3“ пристигнува со осумстепен автоматски менувач и прилагодена верзија на „xDrive“ системот за погон на сите четири тркала.

Тој е опремен со спортска суспензија и електро-прилагодливи амортизери, додека диференцијалот е поместен и прицврстен на задната осовина поради дополнителни подобрувања на перформансите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП