25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо Женева ќе го претстават најбрзиот автомобил во светот

Во Женева ќе го претстават најбрзиот автомобил во светот

Италијанската компанија „Corbelatti“ го создаде најбрзиот хиперавтомобил во светот. Тој вика „Missile“ (ракета-превод од англиски) и ќе дебитира пред јавноста на саемот во Женева во март.

Под хаубата, „Missile“ ќе има 8-цилиндричен мотор со капацитет од 9 литри, способен да развива 1800 КС. Ова е повеќе од било кој модел во светот дизајниран за патниот сообраќај.

Моќноста на моторот не е доволна за да се развие голема брзина, бидејќи супербрзиот автомобил, исто така, треба да има мала тежина. Затоа, шасијата на „Corbelatti Missile“ и телото се изработени од јаглеродни влакна. Досега, масата на хиперавтомобилот се чува во тајност.

Моторот работи заедно со 6-брзински мануелен менувач и погон на задните тркала. Создавачите забележуваат дека максималната брзина на возилото ќе биде 500 км/ч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП