9 јули, 2025
ПочетнаКУЛТУРАФред Фрит во Скопје на „Скопски џез фестивал“

Фред Фрит во Скопје на „Скопски џез фестивал“

Во рамките на својата актуелна европска турнеја, во Скопје доаѓа англискиот мултиинструменталист, композитор и импровизатор Фред Фрит. Концертот во организација на „Скопски џез фестивал“ ќе се одржи во среда, во камерната сала на Македонска филхармонија со почеток во 20:00 часот.

“Јас сум автор, композитор, мултиинструменталист и импровизатор кој музицира главно на различни пермутации на електрична и акустична гитара. Понекогаш користам и еден куп дома-направени жичени инструменти кои се плод на мојата имагинација. Научив како се компонира во рок бендови, почнувајќи со Henry Cow во 1968 година. Ова подразбира пишување за и со луѓе што добро ги познавам, и потоа потрага по финалниот резултат низ еден колективен истражувачки процес. Во годините со Henry Cow се вљубив во студиото за снимање и во неговите бескрајни можности. Воодушевен сум од идејата за „работата“ како незавршена и постојано отворена можност за промена на ентитетот. На суштината. Импровизацијата, сценографијата на звукот во студиото и третирањето на композицијата како отворен процес остануваат во средиштето на мојата размисла каква треба да биде музиката“, вели Фрит.

Билетите ќе чинат 600 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар