19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKia Ceed - веќе официјално (фото+видео)

Kia Ceed – веќе официјално (фото+видео)

Корејската компанија „Kia“ ги објави официјалните фотографии од новата генерација на „Ceed“ – хечбекот има нов дизајн, а исчезна и апострофот кој стоеше пред последната буква. Светската премиера на новиот модел ќе биде во Женева во март.

Новиот „Ceed“ е поставен на новата платформа на „Kia K2“, а димензиите му остануваат речиси без промена, колата е со 2 см поширока и со 2,3 сантиметри пониска. Основата на тркалата останува непроменета – 2650 mm. Волуменот на багажникот се зголеми за 15 литри – до 395 литри.

Моторната гама на новиот „Ceed“ вклучува два бензински мотори со зафатнина од 1,4 литри – атмосферски и со турбо, а моќноста им варира од 100 во 120 до 140 коњски сили. Исто така, ќе има 1.6-литарски турбо дизел кој ќе има две варијанти на моќност – 115 и 136 коњски сили. „Kia“ ќе понуди шестстепен рачен менувач или автоматски со 7 брзини и две спојки.

Од компанијата го дефинираат новиот „Ceed“ како „технолошкиот модел“ во сегментот, а опремата му вклучува адаптивна крус-контрола, управување на дел од функциите на автомобилот преку паметен телефон, аудио „JBL“, мултимедијален систем со три различни по големина дисплеи, како и електронски помошници, кои го следат движењето на лентата, мртвата зона во поглед на возачот и помагаат при паркирање и излегување од паркинг просторот.

Производството на новиот „Ceed“ ќе започна во мај, а продажбата во Европа е планирана за во текот на летото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП