23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTui ги компензира зимските загуби со продажбата на хотели

Tui ги компензира зимските загуби со продажбата на хотели

Најголемата компанија во светот за туризам и патувања – германската „Tui“, продаде три хотели за да ги компензира загубите од последниот квартал како резултат на банкротот на авиокомпанијата „Niki“.

За периодот октомври-декември 2017-та година, компанијата со седиште во Хановер, забележа намалување на чистата загуба за 15 проценти до 99,6 милиони евра (122,7 милиони долари) во однос на истиот период во 2016-та година.

Банкрот во декември на туристичката авиокомпанија „Niki“, со поделбата на банкротираниот германски авиопревозник „Air Berlin“, доведе до загуби од 20 милиони евра (24,6 милиони долари) за „Tui“.

Добивката пред камати, даноци и амортизација (EBITA) во целата компанија забележа намалување на загубата со 59 проценти на годишна основа до 25 милиони евра, додека продажбата се зголеми за 8 проценти до 3,5 милијарди евра.

Туроператорите обично предвидуваат загуби во релативно мирниот зимски период, кој е проследен од поголемите добивки во екот на сезоната.

Претходно, „Tui“ објави дека летните резервации се зголемени за 6 отсто во оваа година. Приходите се очекува да се зголемат за 8 отсто во споредба со минатогодишното лето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП