Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,098.79 0.29%    BESK 7,738.39 -2.05%    GRNT 743.11 -1.78%    KMB 4,373.93 0.64%    MKSD 204.00 9.68%    MPT 30,016.78 0.05%    MTUR 4,100.00 -0.41%    OHB 6,498.44 0.11%    PPIV 44,500.00 0%    RMDEN16 95.50 0.42%    RZLE 14.00 0%    RZLV 44.00 0%    RZUS 124.82 -0.94%    STB 1,022.50 -0.26%    STBP 1,102.85 0.07%    STIL 132.97 3.31%    TEL 270.00 -1.46%    TNB 13,718.00 3%    TPLF 1,573.88 -1.18%    TTK 860.00 -1.23%    UNI 2,420.09 2.55%    ZILU 238.00 8.18%    

Објавена книгата „Можеби заминуваме“ од чешкиот писател Јан Балабан

Време: 11:11

Датум: февруари 14, 2018

Категорија: КУЛТУРА

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје деновиве ја објави книгата со раскази „Можеби заминуваме“ на чешкиот писател Јан Балабан, во превод од чешки јазик на Донка Роус.

Книгата е наградена со најпрестижната книжевна награда во Чешка – „Магнезија литера“ за најдобра чешка проза во 2005 година и е прогласена за книга на деценијата во Чешка (2002 – 2011), како и со наградата на читателите – Книга на годината според анкетата на весникот „Лидове новини“ во 2004 година.

„Можеби заминуваме“ е книга во која авторот пишува за судбините на сосема обичните луѓе кои вообичаено се соочуваат со болката, самотијата, празнотијата, среќата или со разочарувањето и затоа авторот е нарекуван познавач на човечката тага. Притоа, Балабан ги ползува митовите, легендите, Библијата, колективната меморија или духот на времето за да биде максимално уверлив во раскажувањето на приказните во дваесетте раскази, кои тематски и структурно се сосема поинакви, но сите еднакво привлечни за читање. Раскажува за ситуации за кои се чини дека нема излез, дека нема пат напред или дека патот секогаш е непознавање и иднина. И затоа крајот на неговите раскази е речиси секогаш отворен. Од критиката е наречен егзистенцијалистички писател.

Јан Балабан (1961 – 2010) е познат чешки писател, преведувач, новинар и публицист. По завршувањето на студиите работел како технички преведувач во „Витковицките железарници“, а од 2000 година работел како слободен преведувач и писател. Освен белетристика, објавувал и разни текстови во весници и списанија, а пишувал и рецензии за ликовна уметност. Починал на 49-годишна возраст.

Неговото книжевно творештво се состои од збирките раскази „Среден век“, 1995, „Божјо јаже“, 1998, „Распуст“, 1998, „Можеби заминуваме“, 2004, новелата „Црн овен“, 2000, романите: „Срцето на змејот“, 2001, „Каде одеше ангелот“, 2005, „Тука сме“, 2006, романот „Прашај го тато“, 2010 (кој беше прогласен за книга на годината во анкетата на „Лидове новини“ и награден со „Магнезија литера“ во 2011 година), како и драмата „Ветерни мелници“, 2009.

Јан Балабан е еден од најпознатите чешки книжевни творци не само на својата средна генерација туку воопшто во современата чешка литература. Успеал да им даде тежина на обичните зборови и на обичните настани.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Љубовната приказна од Забранетиот град и егзотичната Кина на Мајските оперски вечери

    Љубовната приказна од Забранетиот град и егзотичната Кина на Мајските оперски вечери

    Љубовната приказна од Забранетиот град и егзотичната Кина, „Турандот“, ќе биде изведена денеска во рамките на 46. издание на Мајските оперски вечери. Диригент на ова…

  • Матка е добитник на наградата „Музеј на годината“

    Матка е добитник на наградата „Музеј на годината“

    Изложбениот центар „Матка“ е добитник на наградата „Музеј на годината“, која ја доделува ICOM (International Council of Museums) – Македонија. Наградата се доделува по повод…

  • „Година на мајмунот“ на Шангајскиот меѓународен филмски фестивал

    „Година на мајмунот“ на Шангајскиот меѓународен филмски фестивал

    Mакедонската комедија „Година на мајмунот“, по режија и сценарио на Владимир Блажевски, ќе се прикажува на Шангајскиот меѓународен филмски фестивал, фестивал од А-категорија, кој ќе…

  • Tеатарот „Војдан Чернодрински“ гостува на фестивал во Бугарија

    Tеатарот „Војдан Чернодрински“ гостува на фестивал во Бугарија

    Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Обѕрни се во гневот“ во режија на Kристина Димитрова на 18 мај гостува на Фестивалот на малите театарски форми во…

  • Бесплатен влез во Музејот на Македонија по повод меѓународниот Ден на музеите

    Бесплатен влез во Музејот на Македонија по повод меѓународниот Ден на музеите

    По повод меѓународниот Ден на музеите – 18 Мај, денеска влезот во Музејот на Македонија ќе биде бесплатен, а во таа пригода на посетителите ќе…

  • Културата и уметноста се моќен поттикнувач на граѓански активизам и општествени промени

    Културата и уметноста се моќен поттикнувач на граѓански активизам и општествени промени

    Дали заробените институции и украдените јавни простори се доволен поттик за да се создаде креативен отпор и протест? Кои се границите на соработка на независниот…

  • Џез импровизации со Васил Хаџиманов и Душан Јевтовиќ

    Џез импровизации со Васил Хаџиманов и Душан Јевтовиќ

    Вечерва, со почеток во 21 часот, во ноќниот клуб Станица 26, во организација на 3Гонга, скопјани ќе можат да уживаат во концертиот настап на српските…

  • „Од мој агол“ – изложба на фотографии направени од деца со аутизам

    „Од мој агол“ – изложба на фотографии направени од деца со аутизам

    Изложба на фотографии со наслов „Од мој агол“ ќе биде отворена на 18 мај во објектот Чифте амам, со почеток од 13 часот, најави Националната…

  • Започнува Неделата на италијанскиот филм

    Започнува Неделата на италијанскиот филм

    Денеска со почеток во 19 часот во киното „Милениум“ се отвора фестивалот посветен на италијанскиот филм, организиран од италијанската амбасада во Скопје. Првата проекција ќе…

  • Концерт на Фабио Барбагало вечерва во Даутпашиниот амам

    Концерт на Фабио Барбагало вечерва во Даутпашиниот амам

    Со концертот на италијанскиот гитарист Фабио Барбагало вечерва во 19.30 часот во Даутпашиниот амам, Институтот „Данте Алигиери“ во Скопје (www.ladante.mk) се вклучува во одбележувањето на роденденот на Данте…